Го понесе моментот: Раперот Дрејк за првпат со фановите сподели слика од својот двегодишен син (ФОТО)

Profimedia

Канадскиот рапер Дрејк ја сподели првата фотографија од својот двегодишен син Адонис на социјалните мрежи.

Славниот музичар во понеделникот на Инстаграм објави емотивна објава за тоа колку му недостигаат семејството и пријателите поради изолацијата во која се наоѓа како резултат на коронавирусот.

„Она што за вас моментално е најважно е да ја најдете светлината во вас самите“, напиша Дрејк на Инстаграм, објавувајќи серија од фотографии од своите најмили, вклучувајќи го и синот Адонис со кдрава коса.

Фото: Принтскрин

„Ова ќе доведе до најголемо отворање кај сите луѓе. Верувајте дека ја имате сета сила во себе тоа да се случи и затоа поврзете се со луѓето и работите кои ви носат радост“, додава Дрејк во објавата.

Музичарот, чие вистинско име е Обри Дрејк Грејам, во својата филозофска порака ги повика сите свои следбеници „да се ослободат од стрес и паника и да му се отворат на својот свет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот