Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, вели Славјанка Петровска

Славјанка Петровска/Фото: youtube/printscreen

Државниот врв во целост и со внимание ја следи состојбата во Украина, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во интервју за ТВ24.

Таа вели дека поставувањето на руски вооружени сили на границите со Украина е провокативно и влијае дестабилизирачки. Македонија, според Петровска, во целост го подржува територијалниот интегритет на Украина и земјава смета дека разгорувањето на каков било конфликт не може да ја реши состојбата.

„Во целост ги поддржуваме напорите во рамките на НАТО алијансата и на ОБСЕ за надминување на оваа ситуација. Ова поставување на вооружените сили сметаме дека е провокативно и дестабилизирачко дејствување, коешто всушност ја намалува безбедноста на европскиот континент, а тоа, впрочем, не е целта за којашто сите се залагаме“, вели Петровска.

Дијалогот и дискусиите треба да бидат пред сѐ во интерес на сите нас, додава министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот