„Го пикна јазикот во мојата уста“, манекенка го обвини Трамп за сексуален напад (ВИДЕО)

Го турнав. И мислам дека можеби го повредив. Не ме силуваше, за среќа, но тоа е сексуално насилство и е неприфатливо- открила таа.

Ејми Дорис, поранешна манекенка, а сега 48-годишна мајка на две деца, откри во ексклузивно интервју за Гардијан дека Трамп ја малтретирал на тенискиот турнир УС Опен пред повеќе од дваесет години.

Таа тврди дека Трамп ја однел пред бањата во неговиот ВИП салон на турнирот во Њујорк на 5 септември 1997 година. Во тоа време таа имала 24 години.

Таа го обвинува американскиот претседател дека насилно и го турнал јазикот во уста, ја нападнал и ја држел за да не може да избега.

-Само го турна својот јазик низ моето грло, а јас го оттурнав. И тогаш неговиот стисок се стегна, а рацете му беа насекаде. Преку мојот задник, градите, грбот, сè. Бев заробена во неговиот стисок и не можев да избегам. Не знам како да викаш кога си заробен, со неговиот јазикот во грлото. Но, го стегнав со заби. Го турнав. И мислам дека можеби го повредив. Не ме силуваше, за среќа, но тоа е сексуално насилствооткрила таа.

Американскиот претседател Доланд Трамп со Ејми Дорис (лево)/ Фото: Твитер

Трамп остро негираше преку неговите адвокати дека некогаш ја малтретирал Дорис.

Таа, пак, му покажа на Гардијан докази кои ја поддржуваат нејзината страна на приказната, вклучувајќи билет за УС Опен во 1997 година и шест фотографии на кои се гледа како Трамп минува неколку дена во Њујорк за време на турнирот. Трамп во тоа време имал 51 година, бил познат бизнисмен и бил оженет со својата втора сопруга Марла Мејплс.

Наводите за нападнатата Дорис ги потврдија неколку лица, вклучувајќи ја и нејзината мајка и пријател од Њујорк.

Дорис рече дека претходно размислувала јавно да ја раскаже својата приказна, особено откако неколку жени направиле слични обвинувања против тогашниот републикански претседателски кандидат во 2016 година. Но, таа решила да почека, делумно затоа што сметала дека тоа може да му наштети на нејзиното семејство, особено на ќерките близначки.

-Сега кога моите девојки ќе наполнат 13 години, се чувствувам обврзана да кажам дека не смеете да дозволите никој да прави нешто што не сакате. Сакам да им бидам пример, сакам да видат дека не молчев, туку се спротивставив на некој што направи нешто неприфатливо- заклучи Дорис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот