Го памтиме како преслаткото дете од култниот филм: Денес е алкохоличар со многу проблеми

Фотографија: Profimedia

Симпатичното момче кое во 1982 година ги покори киносалите ширум светот со улогата во филмот E.T., Хенри Томас, денес има 48 години и води битка со зависноста од алкохолот. Некогашната детска ѕвезда потполно подлегна под притисокот на славата.

Пред 37 години го играше ликот на момчето Елиот, во прочуениот филм на Спилберг, па дури и беше номиниран за Златен глобус и доби награда за најдобар млад актер на годината. Минатата година се врати на големата врата со улога во серијата „The Haunting of Hill House“, која е прогласена за најстрашната серија на сите времиња.

Меѓутоа среќата не траеше долго, бидејќи неделава беше уапсен во Вашингтон, поради возење во алкохолизирана состојба. Според наводите од полицијата, во автомобилот немало необични мириси, ниту пак назнаки дека Хенри е пијан, но го застанале поради пребрзото возење. Дури при разговорот полицијата приметила дека тој е во алкохолизирана состојба, па го одвеле во полициската станица на трезнење.

Profimedia

Следното утро актерот бил пуштен од затворот, но познато е дека води долга борба со алкохолот, па се претпоставува дека ова непријатно искуство со полицијата нема да го тргне од неговата лоша навика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот