Го освои првиот трофеј, а веќе им се заканува на Ноле, Рафа и Федерер!

twitter.com/theScore

Шаповалов верува дека следната година ќе има промени, но тоа не значи дека ќе се откажат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

– Сигурен сум дека ќе има многу изненадувања следната сезона. Големата „тројка“ и натаму е активна и уште игра добро. Но, порано или подоцна, ќе биде симната од врвот. Само треба да бидеме трпеливи – рече Шаповалов.

Ѓоковиќ има 32 години, Надал една повеќе, додека Федерер има 38 години. Иако се приближува до својата 40 година, Швајцарецот неодамна даде изјава во врска со завршувањето на кариерата. Шаповалов наведе неколку играчи за кои верува дека ќе доминираат во светскиот тенис во блиска иднина.

– Помладите играчи полека почнуваат да се искачуваат на АТП-листата. Медведев навистина направи голем напредок во последните месеци. Сигурен сум дека многумина ќе го следат, има толку многу талентирани момци. Тука се уште Френсис Тијафо, Стефанос Циципас, Александер Зверев – додаде Канаѓанецот.

Шаповалов има 20 години и моментно се наоѓа на 27 позиција на АТП ранг листата. Турнирот во Стокхолм (Шведска) беше првиот пехар во кариерата, а нема сомнение дека ќе ги има уште многу во неговата иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот