И Тотенхем остана со „празни раце“

twitter.com/ForzaJuve2017

Износот на трансферот требаше да изнесува околу 70 милиони евра, но напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, нема да замине во Тотенхем.

Минатата сезона, Аргентинецот со Јувентус одигра 42 натпревари, постигна десет гола и оствари пет асистенции.

Според италијанските медиуми, Јувентус може да го продаде Дибала во друг клуб. Конкретен интерес за него покажува францускиот шампион ПСЖ, како и милански Интер.

Пауло Дибала претходно ја одби понудата на Манчестер јунајтед кој пак во меѓувреме се откажа од трката да го ангажира Марио Манџукиќ како „идеална“ замена за Ромелу Лукаку кој се пресели во Интер.

Кога сме веќе кај миланскиот клуб, нивниот досегашен играч Иван Перишиќ нема да направи трансфер во Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот