ГО НАРЕКУВААТ БЕТМЕН, неуморен е! Путин долго спие, јаде силна храна и плива во студена вода!

Фото: ЕПА

Долг сон, правилна исхрана, откажување од алкохол, спорт, како и стил на облекување му помагаат на рускиот претседател Владимир Путин да биде секогаш во форма, пишува шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Авторот на статијата оценува дека Путин со 66 години не само што не личи на „дедо“, туку изгледа подобро од пред 10 години.

„Најактивен претседател кој Кремљ го имал некогаш“ е страствен љубител на хокеј, носител на црн појас, осми дан во џудо, вљубеник во пливање и планинарење.

Американските медиуми го нарекувале „алфа мажјак“, а Викиликс објавил дека американските дипломати во преписките го нарекувале „Бетмен“.

Од друга страна, руските медиуми го величат секој потег на претседателот, кој е типичен за „алфа мажјак“, како риболов на Тува, пливање во студена вода, нуркање, јавање коњ без кошула и останато.
Весникот пишува дека рускиот претседател од дете сакал боречки вештини, а тоа го заштитуло од лошо друштво, пушење и конзумирање алкохол.

https://www.youtube.com/watch?v=IeI6xkhKvGs

Поранешната сопруга Људмила го опишувала како работлив, но рускиот претседател сепак не сака да станува рано.

Кога ќе стане ќе испрати неколку неодложни пораки по што ќе замине во теретана и на базени, во едниот температурата е +43 степени Целзиус, а во вториот +13.

За доручек сака сирење и кајгана, јајца од препелица и сокови. Покрај тоа сака ориз и пченица. Но важна улога во имиџот на Путин игра и неговиот стил на облекување. Претседателот им дава предност на италијанските брендови на одела.

Шпанскиот весник заклучува дека во овој момент тајната на вечната младост на рускиот претседател е во тоа што долго спие, не конзумира алкохол, правилно се храни и од време на време „плива“ во ладна вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот