ГО НАРЕКУВАА БУЛДОЖЕР, А БЕШЕ ЛУД ПО ЕДНА АМЕРИКАНСКА УБАВИЦА: Детали од животот на Жак Ширак (ВИДЕО)

Жак Ширак, поранешниот претседател на Франција, почина денес на 86 години, потврди неговото семејство за агенцијата „Франс Прес“. Ќе остане запаметен и како претседател кој ја повел својата земја во заедничка валута со Европа, но и по тоа што предводел меѓународно противење на американската инвазија на Ирак.

Како претседател на Франција од 1995 до 2007 година, Ширак барал повеќе решенија за својата земја и Европската унија и се заложувал за мултиполарен свет кој би можел да ја урамнотежи американската и англо-саксонската доминација.

Претседателот прво влегол во владата под Шарл де Гол во 60-тите, а познат е по тоа што и се спротивставувал на Америка.

Ширак водел организација во ОН која се противела на американската инвазија на Ирак во 2003-та година, операција која на крајот открила дека земјата немала оружје за масовно уништување. Бил првиот француски претседател кој ја препознал одговорноста на државата во депортацијата на Евреите во текот на Втората светска војна.

Исто така имал фраза која станала ориентир на француската климатска политика: „Нашата куќа гори, а ние сме слепи за тоа”, рекол во еден говор во 2002 година.

По завршувањето на мандатот, Ширак бил обвинет за корупција во годините кога бил градоначалник на Париз, станувајќи прв поранешен шеф на Франција на кој му се судело и кој бил осуден од Втората светска војна.

Поранешниот претседател, кој не бил на судењето во 2011 година поради болест, бил прогласен за виновен за злоупотреба на градските средства во корист на своите приврзаници и политички партии. Добил условна казна затвор и не поднел жалба.

Булдожер

Колегите му го дале прекарот „Булдожер” кога бил министер во 1960 година. Ширак луто го покажал својот талент за бунт кога ја раскинал врската со тогашниот претседател Валери Жискар Д’Естен во 1976 година и се откажал од местото премиер.

Следната година на изборите го победил неговиот кандидат и станал првиот избран градоначалник на Париз, а на оваа позиција бил 18 години, додека истовремено вршел и други политички функции.

На крајот влегол во Елисејската палата, каде се борел да ги развие воените капацитети на ЕУ, за да делуваат независно од Северноатлантската федерација под водство на САД.

Заговорник на францускиот „ултурен исклучок”, Ширак на патот во Виетнам во 2004 година рекол дека зголемената и непречена употреба на англискиот јазик во целиот свет ќе доведе до „глобални субкултури”.

Медена пита

Парадоксално, една од раните странски страсти на Ширак, кого подоцна ќе го интересираат и руската книжевност, азиската уметност и сумо-борењето, била Америка. Во интервјуата, Ширак се потсетувал дека негова прва свршеничка била американска убавица, која му правела медена пита и возела розов кабриолет. Исто така, напишал и теза за развојот на пристаништето во Њу Орлеанс.

Ширак е роден во Париз на 29-ти ноември 1932-ра година и учел во најдобрите средни училишта во француската престолнина.

Кратко работел како морнар на товарен брод, се борел како офицер во француската војска за време на војната за независност на Алжир, но и перел садови во ресторан во текот на летниот курс на Харвард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот