ГО НАПАДНАЛА БИВШАТА ЖЕНА: Актерот крвав, на носилки и со изгореници од цигари по лицето

џони деп
Фото Профимедиа

Џони Деп поднел тужба против поранешната сопруга Амбер Херд, а како доказ за нејзиното насилно однесување во медиумите објавил фотографија на која се гледа дека е повреден.

Тој од Амбер побарал да му исплати 50 милиони долари поради повредите и клеветите од нејзина страна. Нејзиниот одговор на тоа беа фотографии на кои се гледаат модринки на нејзиното лице и искорнати прамени коса. Таа тврди дека тоа ѝ го направил Деп, кој бил насилен поради пијанства и љубомора.

Таа исто така тврди дека актерот ѝ го руинирал станот, особено поради љубомора кога таа снимала со Џејмс Франко.

амбер херд
Профимедиа

На тоа, Џони Деп одговорил само со фотографија која досега не излегла во јавноста, а на која се гледа како тој прима медицинска помош, после повредите кои му ги нанела Амбер.

Фотографијата датира од 2015 година, но актерот решил да ја употреби токму сега, кога разводот со Амбер кулминира, а на виделина излегуваат реалните причини.

Како што наведува тој, пред да биде снимена фотографијата, Амбер го удрила со стаклено шише, а потоа му нанела изгореница со запалена цигара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот