Го менуваат расположението како што ќе дувне ветрот: Ова се шесте најпроменливи хороскопски знаци

За да изградите однос со нив ќе ви треба многу трпение и разбирање. 

Сите ние понекогаш сакаме да имаме подобра контрола на нашите емоции, но овие шест хороскопски знаци најмногу од сите го менуваат своето расположение:

РАК
Прашајте било кого, кој е најчудниот хороскопски знак, и сите ќе ви кажат дека тоа е Ракот. Раковите едноставно сè чувствуваат длабоко. Кога е со добро расположение, Ракот ќе биде полн со љубов со сите кои му се блиски, но кога е со лошо расположение, или ќе влезе во кавга со сите или ќе се повлече и ќе исчезне со цел никого да не повреди. Добрата работа е што овој знак, кога е расположен, знае да ги искаже своите убави емоции.
РИБИ
Рибите можат да бидат премногу чувствителни, а тоа пак влијае да го менуваат во момент расположението. И најмали работи можат да ги „пресвртат“ и сосема да ги депримираат. Дури не е важно дали проблемот е голем или мал – може веднаш да го смени нивното расположение.
Рибите не сакаат да влегуваат во конфликт, па веројатно ќе го „интернационализираат“ проблемот наместо со него да се соочат. Не го сакаат чувството на беспомошност. За среќа, Рибите можат да функционираат со сите свои расположенија и да ги користат како инспирација за својата креативност. Тоа што за секој друг претставува лошо расположение, за Рибите е прилика за изразување.
ШКОРПИЈА
Шкорпиите работите ги доживуваат преку страста, а нивните расположенија го одразуваат тој интензитет. Една работа која се однесува на секој кој роден во овој знак е тоа што не можат да го скријат лошото расположение. Едноставно им се оцртува на нивното лице.
Со оглед на тоа што сакаат интензивни чувства не е необично да слушаат депресивна музика кога се тажни или да направат интензивен тренинг кога се чуствуваат гневно. Тие сакаат нивните расположенија да ги поттикнат на акција, без разлика дали е тоа освета за некој кој ги повредил или да бидат тука за саканата личност на која ѝ требаат.
ОВЕН
Родените во знакот на Овен нема да го задржат своето расположение само за себе. Ако ви се налутат, очекувајте тоа веднаш да го дознаете. Но тоа нема да биде сè – тие одлучно ќе победат во ваквиот вид натпревар само за да ви покажат колку се супериорни.
Знаат дека можат да бидат комплицирани, па егото не ги спречува да им се извинат на сите откако ќе бидат нељубезни. Колку и да се интензивни чувствата на Овенот, не траат долго. Во еден момент ќе се чувствуваат како животот да им е готов, а во друг – како да се на врвот на светот.
ВАГА
Стандарден протокол на Вагата е да прашува дали нивниот пријател или член на семејството се лутат на нив. Одговорот обично е „не“. Вагите не сакаат никого да вознемират и тој страв ќе ги „изеде“ и ќе влијае на нивното расположение. Вагите не сакаат да бидат лошо расположени, тие едноставно чувствуваат се, а тоа вклучува и работи кои немаат никаква врска со нив. Ставаат голем товар од туѓите расположенија врз себе, а тоа е навистина големо оптоварување. Еден добронамерен совет за сите Ваги: Никој вам не ви се лути, а туѓите расположенија веројатно немаат никаква врска со вас!
БЛИЗНАЦИ
Близнаците не сакаат да влијаат на другите луѓе со своето расположение, но немоќни се да го сокријат. Кога некој ќе ги праша дали се во лошо расположение, тие ќе одговорат дека се во ред, и ќе наведат куп причини за да го докажат тоа, но за жал, нивните причини всушност ќе откријат зошто се во лошо расположение. Најдобро за нив би било едноставно да признаат како се чувствуваат, отколку да се трудат да прикажат дека секогаш се среќни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот