Го купиле за само 600 долари: Изгубено дело на Ентони ван Дајк продадено за три милиони долари

Делото „Свети Јероним со ангел“ (1626) на Ентони ван Дајк / Фото: EPA/KOTE RODRIGO

Изгубеното уметничко дело на фламанскиот уметник Ентони ван Дајк, кое беше пронајдено на една фарма кон крајот на 20. век, сега е продадено за нешто повеќе од три милиони долари на аукција, објави „Си-ен-ен“.

Пронајденото дело е скица за подоцнежната слика на фламанскиот уметник, наречена „Свети Јероним“ . Моментално, конечната верзија на сликата се наоѓа во музејот „Boimans van Boningen“ во Ротердам, Холандија.

Скицата, на која е прикажан гол повозрасен маж како седи на стол, според аукциската куќа „Сотби“ е уникатен поради неколку причини. Имено, таа е една од двете големи скици што Ван Дајк ги направил од живи модели.

Најверојатно е насликана помеѓу 1615 и 1618 година, додека Ван Дајк бил млад уметник кој работел со Питер Пол Рубенс во Антверпен, Белгија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mutargy.com (@mutargycom)

Делото било откриено на крајот на 20 век. на фарма во Киндерхук, Њујорк.

„Човекот кој го пронашол, Алберт Б. Робертс бил страствен колекционер на ‘изгубена’ уметност, опишувајќи ја својата колекција како ‘сиропиталиште за изгубена уметност’“, стои во соопштението на аукциската куќа „Сотби“.

Како што велат од „Сотби“, Робертс ја купил скицата за само 600 долари. Но, набргу потоа, историчарката на уметност Сузан Џ. Барнс објавила статија во која ја опишала скицата како „изненадувачки добро сочувано“ дело на Ван Дајк.

Минатата недела, скицата беше продадена на аукција за нешто повеќе од три милиони долари.

Дел од приходите од аукцијата ќе бидат наменети за Фондацијата Алберт Б. Робертс, која обезбедува финансиска поддршка на уметници и други добротворни организации.

Како Винсент ван Гог навистина го изгубил увото?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот