Го криеше своето лице, но и своето страдање: Мистериозната СИА ја сподели тажната вистина

Profimedia

Пејачката Сиа откри дека боледува од редок облик на Елерс-Данлос синдромот. Во својата објава им порача на сите кои се борат со некаква болест дека не се сами.

На Твитер напиша охрабрувачки, но и потресен статус:

„Страдам од невролошоко пореметување, ужасни болки, се работи за Елерс-Данлос синдромот. Сакам да им кажам на сите вам кои чувствувате болка, физичка или емоционална – ве сакам и само напред. Животот е тежок. Болката деморализира, но не сте сами.“

Сиа досега отворено зборуваше за проблемите со дрогата и со алкохолот, но за првпат откри дека болува од оваа болест.

Елерс-Данлоис синдромот е наследна болест на синтеза на колаген, обележена со претерана подвижност на зглобовите, претерана растегливост на кожата и кревкост на сите ткива.

Сиа/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот