Го клонираше кучето и го обвини Трамп зашто се здебелила: Барбра Стрејсенд денеска полни 78 години

Instagram

Пејачка, глумица, режисерка, текстописец. Барбра Стрејсенд денес полни 78 години. Родена е во Бруклин во еврејско семејство. Петнаесет месеци по нејзиното раѓање, татко и починал од мозочен удар и семејството западнало во сиромаштија.

Instagram

Како тинејџерка, пеела во ноќни клубови. Добитничка е на два Оскари, осум Греми, четири Еми, наградата Тони…

Барбра е една од комерцијално и критички најуспешните уметници од светот на шоу-бизнисот, со 100 милиони албуми продадени во Америка и 240 милиони ширум светот.

Таа своето име го сменила од Барбара во Барбра.

„Го мразев моето име, ама не сакав да го менувам. Имав 18 години и сакав да бидам единствена, ама не сакав да го менувам името бидејќи тоа би било лажно. Луѓето велеа дека би можела да бидам Џоани Сандс или нешто слично, моето средно име е Џоан. А јас реков, не, да видиме, ако го исфрлам „а“, тоа е сè уште Барбара.“

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, нејзин прв сопруг бил Елиот Гулд, со кого го добила синот Џејсон Гулд. За вториот маж, Џејмс Бролин, се омажила во 1998 година.

Се најде во центар на вниманието откако го клонираше своето куче Саманта, бидејќи била скршена кога тоа починало. Открила дека од кучето кое умрело во 2017 година биле земени клетки за да се создадат клонови во облик на нејзините две младенчиња Мис Скарлет и Мис Вајолет.

Ги насмеа фановите ширум светот кога го обвини Трамп затоа што се здебелила. Неговото однесување и предизвикува стрес, па се теши со храна, рекла.

„Кога на утринските вести гледам што прави, веднаш јадам куп палачинки со јаворов сируп“, напиша на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот