ГО ИЗВАДИЈА ОД ПАМЕТ: Елмас во „Халовин“ трик на Наполи! (ВИДЕО)

принтскрин/Youtube/FC Napoli

Наполи по повод „Халовин“, „Ноќта на вештерките“ одлучи да се пошегува со дел од своите играчи, а помеѓу нив и нашиот Елиф Елмас.

Освен нашиот интернационалец како „жртви“ се најдоа уште Марио Руи, Фернандо Љоренте, Алекс Мерет и Џовани Ди Лоренцо.

Еден од луѓето кој имаше улога во оваа скриена камера да ги исплаши беше нивниот соиграч, белгискиот интернационалец Дрис Мертенс.

Македонскиот репрезентативец не настапи на последниот дуел од Серија А, односно од клупата го гледаше ремито на „наполитанците“ на домашен терен против Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот