Го испразил шаржерот во него, во заседа во Белград убиен синот на познат српски фудбалер

Ведран Репчиќ (41) син на поранешниот фудбалер на Црвена Звезда Сребренко Репчиќ е убиен рано утрово во населбата Браќа Јерковиќ во Белград, кога непознат маж околу 10 часот испукал повеќе куршуми во него.

Итната помош била повикана од страна на соседите, но кога пристигнале лекарите можеле само да констатираат смрт кај мажот. На самото место пристигнала полицијата и инспектори кои вршеле увид.

Според очевидци, напаѓачот со црна маска, спортска торба и темна облека откако испукал неколку куршуми во Репчиќ побегнал кон пазарот.

Полицијата во пукањето ја прогласи акцијата „Виор“ во Белград, која се однесува на потрага по напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот