Го имаме најлошиот тенисер во историјата! (ВИДЕО)

фото:твитер

Еден од големиот број турнири од „Фјучерс серијата“ (М15) се одржува овие денови во Катар.

М15 турнирите се на ниво на ИТФ турнир и се наменети на помладите тенисери да стекнуваат искуство и развиваат кариера пред настапите во Челинџ турнирите и подоцна во АТП.

Како таков, М15 е подложен на различни неискусни играчи, но никогаш не бил толку лош како Артем Бахмет од Украина.

Украинецот во рамките од квалификациите за турнирот кој има награден фонд од 15.000 илјади американски долари е поразен од Критин Коајкул со резултат 2:0 по сетови 6:0 и 6:0 во кој не освои ниту еден поен!

Се шпекулира дека Артем е син на богати родители кои му го купија учеството во Доха.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот