
Го фатија убиецот кој ги задави жената и детето во Босна – се криел на поткровје, бегал низ шума
Босанецот Емир Селимовиќ, осомничен за бруталното убиство на сопругата Инела Селимовиќ и 13-годишниот син во Калесија кај Тузла, утрово е уапсен во село кај гратчето Прњавор, околу 130 километри од местото на злосторството, јави „Дневни аваз“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По извршувањето на делото, Селимовиќ побегнал од Калесија со автомобилот на убиената сопруга, „Шкода Фабија“ а подоцна бил забележан во Ќелинац, во Република Српска, како и во реонот на езерото Дренова, кај Прњавор.
Апсењето се случило откако Селимовиќ го забележале мештаните кои пријавиле во полиција. На местото каде што бил забележан, во напуштена викендичка кај селото Горна Мравица, брзо пристигнале полицајците од Прњавор. Селимовиќ тогаш се обидел да побегне низ блиската шума, но набрзо бил фатен и уапсен.
У овој кући у селу Горња Мравица је ухапшен Емир Селимовић. pic.twitter.com/yHeZq3Tc2G
— TVK3 (@tv_k3) February 17, 2025
Куќата во која се криел се наоѓа речиси во шума, а на поткровјето биле пронајдени траги кои укажуваат дека тој бил таму и претходните денови. При апсењето Емир Селимовиќ не пружил отпор, а на местото на настанот не било пронајдено оружје, јавуваат медиумите.
Селимовиќ е осомничен дека пред пет дена, по расправија во семејниот дом, со голи раце ги задавил неговата 38-годишна сопруга Имела и 13-годишниот син, по што избегал.
БиХ: Убиецот кој ги задави синот и сопругата е во бегство, автомобилот го оставил покрај шума