Го чував тоалетот додека во него беа Тајсон и Наоми Кемпбел

Поранешниот менаџер и пријател на Мајк Тајсон, продолжува да открива пикантерии од животот на поранешниот светски шампион во бокс.

Холовеј неодамна ја издаде книгата „Taming the Beast: The Untold Story of Team Tyson“ во која ја открија слабоста на славниот боксер кон жените.
Тој детално го опишува моментот кога Тајсон имал секс со манекенката Наоми Кемпбел и тоа во тоалет.

„Знаев дека во рингот никој не може да го запре, Мајк единствено можеше да падне само поради својата слабост кон жените. Неговите одлуки никој не можеше да ги менува, а сите тие беа поврзани со сексот и жените. Една вечер кога внимавав на него останав во неверица кога го видов со Наоми Кемпбел. Во еден момент ми рече дека мора да оди во талет, а потоа и Наоми влезе веднаш зад него. Јас морав да стојам пред вратата со обезбедувањето и на сите да им зборувам дека тоалетот моментно е зафатен“, пишува Холовеј.

Колку Тајсон ги привлекуваше жените, најдобро отсликуваат зборовите на Холовеј.

„Мајк беше во затвор поради силување на Дезире Вашингтон. Дојдов да го посетам, а чуварите ми рекоа дека не можам да дојдам до него бидејќи девојките стојат во ред за да го посетата. Во затворот имаше повеќе жени отколку кога беше надвор од него“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот