Го бранела сопругот, добила нож во стомак и умрела

Фото: Илустрација

По семејна драма синоќа, 34-годишна жена беше убиена во скопската населба Шуто Оризари. Скопјанката била убиена околу 22:30 часот, по семејна расправија, односно откако сакала да спречи тепачка меѓу двајца братучеди.

Расправијата почнала откако двајцата седеле во двор и едниот од нив извадил нож. Во обидот да ги смири, таа била прободена.

На 14.06.2019 година во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на ул.„Јуриј Розентал“ во населба Шуто Оризари, при семејна расправија, со остар предмет и биле нанесени убодни рани во стомакот на А.Ѓ.(34) од Скопје. Од здбиените повреди таа починала на местото. По преземени мерки било констатирано дека околу 22.00 часто настанала расправија и физичка пресметка помеѓу нејзиниот братучед С.Х.(39) и нејзиниот сопругот С.Х.(37). Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката. Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. се испречила пред С.Х.(39), кој со ножот и нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото. С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. “, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот