ГО БИВА И ЗА БИЗНИС: Надал гради комплекс со тениски терени, хотел и шопинг центар (ВИДЕО)

EPA-EFE/WILL OLIVER

Најдобриот тенисер на светот, Рафаел Надал во 2019 година прави само вистински потези на терените и надвор од нив. По одличната година во која освои две грен слем титули и се врати на првото место на АТП ранг листата и со Шпанија триумфира во Дејвис купот, тој одлучи да му се посвети на бизнисот.

Надал планира неверојатен проект во Кувајт, комплекс во кој ќе има дури 16 тениски терени, два стадиони, хотел со пет ѕвезди и голем шопинг центар. Изградбата на најголемиот проект на Надал ќе започне во февруари идната година, но Шпанецот се наоѓа во завршни консултации со своите советници и архитекти.


– Едвај чекам да дојдам во Кувајт, тоа ќе биде неверојатен настан. Среќен сум што ќе помогнам во развојот на тенисот во Кувајт но и на Блискиот Исток – изјави Надал.

Издрадбата на тениски комплекси не се непознаница на Надал, тој веќе има изградени дури три. Пред девет месеци го отвори тенискиот центар во Коста Мухенес, Мексико.

Шпанецот има тениски центар и во Индија и во родната Мајорка, а исто така е сопственик и на тениски центар и во соседна Грција, на Халкидики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот