Го анализирате секој детал? Избалансирајте ги вашите мисли

Profimedia
Депресија и анксиозност / Фото: Архива на Слободен печат

Прекумерната грижа за мали нешта е сè почест проблем денес, а тоа навистина може да го намали квалитетот на животот и да поттикне песимизам. Експерт открива како да се „скокнат“ несаканите мисли кои не се продуктивни.

Прекумерното размислување е стратегија што луѓето често ја користат за да чувствуваат повеќе контрола над своите животи и проблеми.

Доколку се борите со проблемот на премислување и се грижите за ситници, клиничкиот психолог Џули Смит препорачува да ги испробате овие три совети за напуштање на таа лоша навика.

Станете свесни кога ќе го направите тоа

Секогаш кога ќе се фатите дека размислувате премногу или потенцијално сте опседнати со тешки мисли, искуство или страв, останете свесни за процесот.

Не можете да престанете да правите нешто ако го правите тоа по автоматизам“, вели таа.

Најдобар начин за да се изгради таа свест е да се пишува дневник на крајот на секој ден, вели Смит.

Оваа постапка треба да ви помогне да го воочите своето претераното размислување кога ќе се случи и да го одвлечете вниманието од тоа, пред да стане премногу исцрпувачко или да развиете посериозни ментални проблеми.

unsplash

„Фатете“ се за сегашниот момент

Без разлика дали сте „заглавени“ на непријатен прв состанок или сте загрижени за претстојна презентација на работа, премислувањето обично е насочено кон иднината или минатото – многу ретко е насочено кон сегашноста.

Користејќи нешто како освестување може да ви помогне да практикувате место на кое ќе можете да се фокусирате. Враќањето во „овде и сега“ ќе ве спречи да се фокусирате на работи што не можете да ги промените“, посочува Смит.

Внесете рамнотежа во вашите мисли

Иако прекумерното размислување може да започне бенигно, тоа честопати „метастазира“ во најлошото можно сценарио.

Кога сме вознемирени имаме тенденција да размислуваме премногу и тогаш посегнуваме по катастрофални сценарија“, објаснува таа.

Балансирајте ги тие мисли со алтернативен излез, земете ги предвид најдобрите случаи и решенија, сугерира таа.

Иако тоа не мора да го промени начинот на кој ќе се одвиваат работите, тоа ќе ве спречи да живеете во страв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот