Гневните фанови се обидоа со пила да ја исечат статуата на Златан (ФОТО)

twitter.com/Coral

Златан Ибрахимовиќ по одлуката да инвестира во Хамарби го навлече бесот на навивачите на поранешниот клуб кои во последните неколку недели не му даваат мир на фудбалерот. Хамарби е најголем ривал на Малме, тимот во кој Ибрахимовиќ ја започна фудбалската кариера, и навивачите не можат да му го простат „предавството“.

Поради тоа тие веќе неколку пати ја оштетија статуата на Швеѓанецот која се наоѓа пред стадионот на Малме, а не беше поштеден ниту неговиот дом во Стокхолм на кој на влезната врата му беше напишано „Јуда“, а поштенското сандаче беше полиено со солна киселина.

Вчера повторно беше оштетена статуата, неидентификувани вандали со пила се обиделе да ја исечат статуатан на Ибрахимовиќ.

– Некој со пила се обидел да ја исече ногата на статуата. Постои опасност таа да падне, па поради тоа поставивме ограда околу неа – изјави Ева-Гун Вестфорд, портпаролката на полицијата во Малме.

Уметникот Петер Линде кој ја изработи статуата на Ибрахимовиќ ги повика луѓето да престанат со вандализмот.

– Луѓето се однесуваат како да се во војна, но ова не е војна туку фудбал. Лудост е некој да може да почитува тоа што Златан е слободен човек. Сакам да се обнови статуата, а луѓето кои го направија овој гнасен чин да се уапсат и за да сфатат колку се глупави – истакна Линде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот