Гневните Бразилци бараат ФИФА да ги казни англиските екипи кои не ги пуштаат фудбалерите да играат за репрезентацијата

ФИФА не реагира иако премиерлигашите не ги пуштија репрезентативците од Јужна Америка во нивните држави/ фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Фудбалската федерација на Бразил побара од ФИФА да ги казни англиските премиерлигаши кои не сакаат да ги пуштат своите фудбалери да играат за репрезентациите во квалификациите за СП 2022 година.

Причината поради која англиските екипи не ги пуштаат репрезентативците од јужноамериканските држави бидејќи тие се наоѓаат на „црвената листа“ на британската влада како земји каде ситуацијата со коронавирусот е критична.

Бразил и Аргентина се дел од државите кои се наоѓаат на црвената листа на британската влада, а бразилците имаат репрезентативци кои настапуваат во Челси, Ливерпул, Лидс, Евертон, Манчестер јунајтед и Манчестер сити, но за септемвриските квалификациите најверојатно нема да можат да сметаат на нив.

Причината за одбивањето на англиските екипи да ги пуштат своите фудбалери да играат за репрезентациите во квалификациите се поради тоа што по нивното враќање во Англија ќе мора да поминат десет дена во карантин и со тоа нема да можат да им помогнат на стартот од новата сезона во европските клупски натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот