Гневниот Куман го прекина интервјуто: Зошто во Шпанија нема ВАР?

epa09127881 FC Barcelona's head coach Ronald Koeman (R) reacts during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and FC Barcelona at Alfredo di Stefano stadium in Madrid, Spain, 10 April 2021. EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Реал Мадрид славеше во најголемото светско фудбалско дерби Ел Класико против Барселона со 2.1.

„Кралевите“ по првото полувреме имаа водство од 2:0 со головите на Бензема и Крос, а Барселона возврати во вториот дел преку Мингуеза по што продожи со нападите за да дојде до израмнување. Една таква шанса имаа во 84. минута кога во казнениот простор на Реал Мадрид, Брајтвајт беше фаулиран од Менди, но судијата остана нем и не досуди пенал.

– Секој навивач на Барселона мора да биде незадоволен од судењето. Ова беше чист пенал над Брајтвајт, а не сум задоволен ни со судиското продолжение. Се играа само четири минути, а судијата три минути потроши на замена на уредот на раката. Мораше да се игра уште, што се однесува со натпреварот, не бевме добри во првото, но затоа во второто се вративме. Не разбирам зошто во Шпанија нема ВАР – изјави тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Новинарот му одговори дека судијата така одлучил, по што Куман го прекина разговорот по натпреварот.  

ВИДЕО:  Ел Класико со „кралски“ шмек, Реал нов лидер во Ла Лига

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот