„Гнасен заговор“: Техеран за наводите дека Иран планирал атентат врз Трамп

Трамп со крената тупаница и крваво уво го извлекуваат од митингот - Фотографија ЕПА, Дејвид Максвел

Официјален Техеран категорично ги отфрлиа наводите од САД дека го планирал обидот за атентат врз старо-новиот американски претседател Доналд Трамп, по вчерашното обвинение од американското Министерство за правда, јавува агенцијата „Анадолу“.

Според портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, таквите наводи се „целосно неосновани“.

Тој додаде ова не е првпат Иран да биде слично обвинет, како и дека повторувањето на ваквите наводи во последните денови е „гнасен заговор“ чија цел е дополнително да ги усложни односите меѓу САД и Иран.

Пред неколку недели предизборниот тим на Трамп објави дека бил информиран од американската тајна служба за реални и конкретни закани од Иран за негово убиство. Американското правосудство вчера покрена обвиненија против тројца мажи, кои, исто така, се обвинети за заговор за атентат на ирански дисидент. По тројцата осомничени се издадени налози за апсење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот