Глупоста на Јовиќ и бегството од карантин ќе му дојде преку глава, тој е под истрага на полицијата

Фото: twitter/RMOnly

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ стана предмет на истрага на српската полиција бидејќи не ги почитуваше правилата за самоизолација од 14 дена кога од Мадрид пристигна во Белград.

Шпанија заедно со Италија се двете најпогодени европски земји од коронавирусот, но и тоа не му пречеше на Лука Јовиќ да ја направи глупоста на деценијата.

Имено тој побарал од челниците на Реал Мадрид да го пуштат во Белград за да присуствува на роденденот на својата девојка, Софија Милошевиќ и потоа не ги почитувал правилата за самоизолација од 14 дена туку се шетал низ улиците и рестораните на српската престолнина.

Ова негово однесување го навлече бесот на премиерката Ана Брнабиќ која вчера изјави дека истражните органи ќе се позанимаваат со случајот на Лука Јовиќ.

– Видовте примери на наши фудбалери кои доаѓаат од странство каде имаат милионски договори, како не ги почитуваат правилата за самоизолација и тоа е нешто со што ќе се позанимаваат нашите надлежни органи – изјави вчера Брнабиќ.

Српската полиција веднаш покрена истрага и започна да го истражува движењето на Јовиќ за време на неговиот престој во Белград, за да утврди со кого се гледал и да се утврдат потенцијалните ризици за ширење на пандемијата на коронавирус.

Спорно за полицијата е тоа што фудбалерот е забележан како се шета низ Белград со што ги прекршил прописите за самоизолација и се соочува со кривична пријава.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, објави дека утринава се напишани кривични пријави за неколку спортисти, но не ги кажа нивните имиња, а казните се движат од една до 12 години затвор.

Во Шпанија моментната бројка на позитивни на коронавирус изнесува 15.015 лица, а досега се починати 640 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот