Глумицата се подготвува за живот зад решетки: Побарала помош од стручњак

profimedia

Во аферата на американските факултети фатена е и глумицата Фелисити Хафман, која на ист начин сакала нејзината ќерка Софија да влезе на престижниот универзитет.

Глумица Лори Лохлин и нејзиниот сопруг, модниот дизајнер Масимо Џанули, обвинети се дека на Сингеровата фондација и платиле 500.000 долари во 2016 и 2017 година за таа да ги претставува нивните ќерки како веслачки и да ги вклучи во тимот на Универзитетот во Јужна Каролина.

Во аферата на американските факултети фатена е и глумицата Фелисити Хафман, која на ист начин сакала нејзината ќерка Софија да влезе на престижниот универзитет.

Магазинот „Пипл“ пренесува дека Лохлин е свесна дека може да добие долгогодишна затворска казна и веќе се подготвува за живот зад решетки, иако сè уште се надева дека ќе биде ослободена.

„Лори сака да биде подготвена за секоја можна ситуација. Ангажирала стручњак за помош кој веќе ја советува и ја запознава со околностите во затворите и начините на кои може да ја преживее новонастанатата ситуација“, изјавил за американските медиуми извор близок на глумицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот