Глумецот од „Самрак сага“ и неговата девојка пронајдени мртви во стан

Глумецот Грегори Тајри Бојс, кој во „Самрак сага“ (Twilight) го gлумеше Тајлер Кроули, е пронајден мртов на 13 мај, заедно со неговата девојка, 27 годишната Натали Адепоју, потврдиле медицинските истражувачи во Лас Вегас.

Грегори Тајри во Twillight / Фото: Принтскрин/Youtube

Причината за смртта на младиот пар сè уште не е позната.

Тајри и неговата девојка Натали / Фото: Инстаграм

Нивните тела се пронајдени во стан во Лас Вегас во кој заедно живееле, а се чекаат наодите од обдукцијата и токсиколошкото вештачење.

Ги пронашла братучетката на Грегори, на која и било чудно што автомобилот на глумецот сè уште е паркиран пред куќата, во време кога требало да биде во Лос Анџелес.

Тајри и неговата девојка Натали / Фото: Инстаграм

Според неофицијални информации, во станот е пронајдена „прашкаста супстанција“, пренесува ТМЗ.

Грегори беше најпознат по улогата на Тајлер во познатиот филмски серијал „Самрак“, каде што го глумеше еден од пријателите на Бела Свон.

Го прослави 30-от роденден на 5 декември, а во трогателната роденденска објава призна дека „не верувал дека ќе дотурка до таа бројка“.

Последната роденденска порака на Тајри / Фото: Принтскрин

Тајри имал во план со својата девојка да отвори ресторан и бил многу зафатен околу тоа.

Неговата мајка се прости од него на Фејсбук со потресни зборови: „Болна сум без тебе. Скршена, изгубена во болката“.

Тајри со ќеркичката Алаја / Фото: Инстаграм

Тајри зад себе ја остави десетгодишната ќерка Алаја, а неговата девојка имала син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот