Глума за Оскар, тренерот на Сутјеска мајстор за „крадење“ на време (ВИДЕО)

принтскрин

Натпреварот од 13. коло во втората лига на РС помеѓу Сутјеска од Фоча и Леотар помина во сенка на мајсторската глума на тренерот на домашниот тим.

Натпреварот беше одигран ден порано бидејќи еден фудбалер на домашниот тим се жени денеска, па неговите соиграчу му дадоа неочекуван поклон, триумф над лидерот на табелата. Но, апсолутен јунак беше тренерот на Сутјеска, Душко Рашевиќ кој водството на неговиот тим во финишот го зачува со неверојатна глума на која можат да и позавидат и професионални актери.

Откако го удри топката, дојде до теренот и падна како покосен со што судијата мораше да ја прекине играта. Рашевиќ за глумата доби жолт картон, но на крајот ја исполни целта, неогвиот тим победи со 1:0.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот