Глобалното ширење на коронавирусот ги стресе светските пазари на капитал

На европскиот пазар, италијанските акции паднале за повеќе од четири проценти, бидејќи веста за зголемениот број на заразени од вирусот практично парализира делови од индустријата во северниот дел на Италија.

На светските пазари на капитал осамна „црн понеделник“ бришејќи милијарди долари од пазарната вредност на компаниите, бидејќи проширувањето на епидемијата на коронавирус надвор од Кина ги засегна изгледите за глобалниот раст, поради што инвеститорите ги продаваат акциите и вложуваат во сигурни имоти.

Вредноста на американските акции бележат драстичен пад, цената на златото се искачи на седумгодишен максимум, додека вредноста на нафтата се намали за четири отсто поради ширењето на стравот од пандемија, откако Иран, Италија и Јужна Кореја известија за зголемување на бројот на заразени од коронавирусот во тие земји.

На европскиот пазар, италијанските акции паднале за повеќе од четири проценти, бидејќи веста за зголемениот број на заразени од вирусот практично парализира делови од индустријата во северниот дел на Италија. Миланската берза е на пат да го одбележи најлошиот ден од 2016 година.

Прочитајте и...  МЗ: Од петте потврдени случаи со коронавирус во Штип, двајца се од Радовиш

На азиските пазари, пак, индексот на јужнокорејската берза Коспи падна за 3.9 отсто, откако Владата на Јужна Кореја објави високо ниво на надзор бидејќи бројот на заразени се искачи на 763, а бројот на смртни случаеви достигна до седум.

На валутните пазари, доларот ослабна спрема јапонскиот јен на 111,34 јени, а профитираше во однос на останатите светски валути, демонстрирајќи го карактерот на „безбедно прибежиште”.

Еврото падна на 1.08 американски долари, а австралискиот долар бележи најниско ниво во однос на американската валута во последните 11 години, од 0.6586 американски долари.

Валутата на земјите во развој денеска се на „црвено“.

На трговските пазари, нафтата „брент“ од Северно Море падна за 3.5 отсто или за 2.1 долари на 56.35 долари по барел, а американската „лесна“ нафта ВТИ падна за 3.0 отсто или за 1.64 долари на 51.74 долари по барел.

Прочитајте и...  Мутафчиски ги повика Бугарите: Не одете в црква, не е време за празници

Кога станува збор за главните индустриски метали, цената на бакарот е намалена за 1.4 отсто, а цинкот за 2.5 проценти.

Прочитај повеќе

Втор викенд со полициски час, празни улици низ Скопје (ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Располагаме со 4.500 тестови, очекуваме донација од 20.000 китови за тестирање

Слободен печат

Бојаџиев: Инфективното одделение и дежурниот лекар ги запазиле процедурите за коронавирус кај 78-годишниот велешанец

Слободен печат

Спасовски: Ова е и повик до сите наши граѓани – Како никогаш досега е потребна помошта од нас за сите здравствени работници

Слободен печат

Руската помош за Италија не е квалитетна?

Корона криза во доба на роботи: „Каде тргнавте госпоѓо? Лична карта, ве молам!”

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Унгарија подготвува 27 милијарди евра за живнување на економијата

Слободен печат

Во Швајцарија од Ковид-19 починаа 540 лица, во Холандија бројката се искачи на 1.651

Бојана Нојиќ

Внуката на сенаторот Роберт Кенеди и нејзиниот син исчезнаа во водите на Заливот Чесапик

Бојана Нојиќ

Бремената свршеница на Борис Џонсон имала симптоми на Ковид-19

Слободен печат

Охриѓанката Нацева донира маски, ракавици и дезинфекциски средства за полицајците

Слободен печат

Погледнете како изгледа пазарот во Неапол среде пандемија на коронавирус (ФОТО)

Слободен печат