Глобални протести за климатските промени во 150 земји, меѓу кои и Македонија

Фото: Профимедиа

Илјадници претежно млади луѓе излегоа на улиците во Австралија и азископацифичките земји и ги почнаа глобалните протести со кои ги повикуваат светските лидери на самитот на ОН за климатски промени да донесат итни мерки за да се спречи еколошка катастрофа.

Протести, кои ги иницира 16-годишна шведска активистка Грета Тунберг, се планирани во околу 150 држави.

Целта е да се укаже на последиците од климатските промени врз планетата и да се упати барање до владите итно да се ограничат активностите кои водат кон понатамошно загадување на животната средина.

Протестите ќе „кулминираат” во Њујорк кога Тунберг, која веќе е номинирана за Нобелова награда поради својот активизам за климата, ќе предводи собир пред седиштето на ОН.

Грета Тунберг на Твитер објави дека има огромен одѕив на демонстрантите во Австралија, и напиша дека тие веќе поставиле стандарди кои ќе ги следат други млади луѓе кои денеска се ќе се соберат во Азија, Европа и Африка.

Кај нас, движењето Fridays for Future за денеска најави протест пред Владата со почеток од 13 часот.

Од „Петоци за иднината Скопје“ побараа од средните училишта во Скопје да им дозволат на средношколците денеска да ги напуштат првите два часа од втората смена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот