Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери.Светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс, публикација на Светска Банка од Вашингтон, секоја година прогласува најдобри банки во различни сегменти на банкарското работење, а изборот на најдобрите банки го вршат уредниците на списанието во соработка со истражувачки тим и издавачот, кои по опсежни анализи на номинираните во одделните категории, одлучуваат која банка ќе го однесе приматот во определена категорија за дадената година.

Главни критериуми за добивање на наградите се остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи и степенот на воведени иновации во категоријата каде што се врши изборот, како и адаптибилноста на банката на промените во финансискиот сектор.

Оттаму, да се биде дел од листата на Global Finance претставува вистинска привилегија. За Халкбанк, чие мото е „Важни се луѓето“, добиената награда е потврда за квалитетната и посветена работа и настојувањата да се обезбеди висок квалитет на услугите во сите сегменти на банкарското работење со население.

Наградата од Комерцбанк АГ е потврда за ефикасната соработка со тимот на Халкбанк и признавање на оперативните вештини што ги исполнуваат највисоките стандарди на меѓународните плаќања.


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот