Глоба од 2000 евра за Скопјанец за непочитуване на мерката самоизолација

На 17 март се вратил во земјава по престој во Словенија. На 18 март, при извршената проверка, полициските службеници не го затекнале во домот.

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за изрекување казна во висина од 2.000 евра против скопјанец за непочитување на задолжителна самоизолација.

– Обвинетиот, на 17 март се вратил во земјава по престој во Словенија, како ризична земја за ширење на коронавирусот Ковид-19 и на граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. На 18 март, при извршената проверка, полициските службеници не го затекнале во домот, стои во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложил на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот