Глигорова: Законски измени за наплата на долговите за социјално ранливите категории ќе важат и за предметите кои што веќе се започнати

„Законот за облигациони односи е променет, еден член е изземен, а се однесува токму на каматите. Изваден е членот пред распадот на СФРЈ, заради инфлацијата. Членот вели дека не смее каматата да ја надмине висината на долгот“, рече Глигорова.

„Делумно барањата на невладините организации се прифатени. Исто така, делумно сме и ние и граѓаните задоволни од она наше барање што ќе биде имплементирано – а тоа е да не биде влечено 1/3 од приходот туку 1/5“, изјави за Утрински брифинг Ана Глигорова, еден од гласноговорниците за носење на Законот за облигациони односи.

Според она што го прочитав вчера, вели таа, се работи за сите оние кои се на граница на социјална издржливост. Тоа се оние кои имаат до просечна плата и до просечна пензија – за нив важи. Тие што имаат надпросечна плата и надпросечна пензија важи стариот закон – 1/3 од приходот, додека оние кои што земаат социјална помош се скроз изземени од извршувањата.

– Законот за облигациони односи е променет, еден член е изземен, а се однесува токму на каматите. Изваден е членот пред распадот на СФРЈ, заради инфлацијата. Членот вели дека не смее каматата да ја надмине висината на долгот, рече Глигорова.

Таа додаде дека моментално физичките лица добиваат астрономски камати. Овие законски измени за наплата на долговите за социјално ранливите категории ќе важат и за предметите кои што веќе се започнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот