Глигорова: Нудиме ослободување од должничкото ропство, враќање на извршителите во судството (ВИДЕО)

Ана Глигорова/ Фото: Архива на Слободен печат

-Ако сакаме јака економија ние мора да имаме слободни трансакциски сметки. Имаме над 200.000 блокирани сметки тие мора да се одблокираат за да се почне да се размислува за економија. Практично треба ослободување од должничкото ропоство.

Враќање на извршителите во судството е дел од нашата програма, изјави Ана Глигорова во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, носител на листата во првата изборна единица од здружението „Движење на слободни граѓани“, а во коалиција со ГДУ.

-Се бориме против банкарите кои имаат лихварски камати и нивно намалување до 1%. Откако човекот ќе ја плати главницата, станува виртуелен роб на банките. Имаме кеш кредити со 200 до 300 посто камати што е страшно.

-Ова е борба против еден мафијашки систем во Македонија. Ние претендираме да влеземе во ЕУ и доколку ги решиме главните поглавја околу правосудниот систем, ние со една нога сме во Унијата. Потребно е чистење на закони кои се пишуваат од тајкуни, а не од граѓаните на Македонија, вели Глигорова која додава дека имаат подготвено „Скопски договор“ со кој како предуслов за идно коалицирање партијата која би сакала да ја води власта, би морала да ги ослободи граѓаните од блокираните сметки и конечно да се излезе од „должничкото ропство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот