Глигоров: Скопско лето по 41 пат – вечери исполнети со музика, театар, филм и изложби (ВИДЕО)

Во очекување на официјалните протоколи и препораки на здравствените и државните оваа година, „Скопско лето” ќе започне нешто подоцна, кон крајот на месец јуни односно почетокот на месец јули. Како и да е, пред нас повторно ќе бидат вечери исполнети со музика, театар, филм, изложби.

-Ние сме во постојана комуникација со уметниците. И оваа година ќе го има „Скопско лето“, но отворањето нема да биде на почетокот од летото, бидејќи подготовките од техничко-организациски аспект ќе биде различна, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Никола Глигоров, директор на дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.

Но, „Скопско лето” ќе го задржи својот основен белег, одбележувањето на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката, односно Празникот на музиката, благодарејќи на Францускиот институт во Скопје, кој што преку програмата која ја подготвува ќе потсети на овој значаен ден, кој од 1982 година, кога беше инициран во Франција е неизоставен дел од нашата соработка и од летното културно живеење.

Како секоја година, и годинава Празникот на Музиката ќе се одржи на 21 јуни, првиот ден на летото – долгоденица.

Францускиот институт во Скопје, Француските алијанси во Тетово и во Битола и „Скопско лето”, ви предлагаат музичка средба в недела, а истата ќе можете да ја проследите од дома, на Facebook страницата на „Скопско лето”.

Во рамките на овој онлајн Празник на музиката ви предлагаме да слушнете:

–фракофонски песни во изведба на „Фолтин”;

–Тома Дитрон и неговата најнова музичка нумера „C’est si bon” што ја изведува со Дијана Крал и Иги Поп;

–композицијата „Кога го бркаме волкот” на младиот композитор Ерван Шандон, во изведба на музичкиот оркестар „ФАМЕ’С”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот