Глигоров: Се враќам во клубот кој сезонава ја брка титулата!

фото: fcshkupi.com

Денеска Шкупи се пофали со нов играч во својот состав, Филип Глигоров кој веќе ги бранеше боите на оваа екипа во сезоната 2016/17.

Десниот бек претходно играше во шампионатите на Романија, Босна и Херцеговина, во нашата земја играше уште за Силекс. Претходно беше активен во албанската Супер лига за тимот на Влазнија запишувајќи 24 настапи и четири асистенции.

Се враќам во Шкупи после четири години, зборував со челниците на клубот и ми се допадна проектот кој го прават, се формира добра екипа која ќе ја брка титулата. Ќе играме и во Лига Европа против Нефчи и желбата е да се пласираме во следната фаза. Ќе го дадам максимумот да се изборам за место во стартните 11, има голема конкуренција и се разбира борба за титулата – рече Глигоров.

Шкупи во првото коло од новата сезона во Првата лига како домаќин одигра нерешено 2:2 со Шкендија, а во следната рунда ќе се соочи со Македонија ЃП.

Претходно клубот од Чаир промовираше уште едно летно засилување, интернационалецот од Азербејџан, централниот дефанзивец Елвин Јунузада.

Во меѓувреме играчите на тренерот Муарем Бајрами го добија противникот во првото квалификациско коло на Лига Европа, тие на 27 август против Нефчи во Азербејџан.

ЛЕ: Ерменци за Ренова, Шкендија и Шкупи со ривали од Азербејџан!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот