Гледањето порно филмови со партнерот е возбудливо, а докторите сега велат дека е и препорачливо!

Пар, љубов, заљубеност, среќа
Фото: Pexels/cottonbro studio

Ставовите кон порнографијата се менуваат секојдневно. Денес постои сосема нова низа филмови кои се фокусираат на женското задоволство, што досега беше редок исклучок, но полека станува правило. Исто така постојат и филмови кои се прилагодени за паровите.

Клиничкиот сексолог Кет Ван Кирк тврди дека гледањето филмови за возрасни заедно со вашиот партнер може да биде многу добро за врската. Тие можат многу да ја подобрат вашата сексуална комуникација, како и добро да ви го зачинат сексуалниот живот.

Па, доколку ве убедивме да се обидете, прво погледнете ги следниве совети од експертите со чија помош многу полесно ќе се впуштите во оваа авантура.

Фото: Pexels/Yan Krukov

1. Најпрво разговарајте со вашиот партнер за видовите порно филмови кои и двајцата би сакале да ги гледате. Запомнете дека нивната улога е да го подобри вашиот сексуален живот, а не да замени еден од вас.

2. Кога ќе одберете филм, фрлете се веднаш на гледање. Додека тој трае, вие слободно откријте му/ѝ ги вашите желби и граници врз основа на она кое сте го виделе. Филмовите за возрасни можат да бидат добар извор инспирација ако сакате малку да ја зачините вашата врска, а не знаете како.

3. Ако во кој било момент вие или вашиот партнер почнете да се чувствувате непријатно, престанете со гледање. И двете страни мора да бидат согласни и желни да го истражуваат овој свет заедно.

4. Немојте да гледате порно филмови само за да му угодите на вашиот партнер. Тоа може да доведе до негативно влијание врз врската бидејќи правите нешто што не сакате и поради кое не се чувствувате добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот