8 C
Скопје

Гледањето порно филмови со партнерот е возбудливо, а докторите сега велат дека е и препорачливо!

Ставовите кон порнографијата се менуваат секојдневно. Денес постои сосема нова низа филмови кои се фокусираат на женското задоволство, што досега беше редок исклучок, но полека станува правило. Исто така постојат и филмови кои се прилагодени за паровите.

Клиничкиот сексолог, Кет Ван Кирк, тврди дека гледањето филмови за возрасни заедно со вашиот партнер може да биде многу добро за врската. Тие можат многу да ја подобрат вашата сексуална комуникација, како и добро да ви го зачинат сексуалниот живот. Па, доколку ве убедивме да се обидете, прво погледнете ги следниве совети од експертите со чија помош многу полесно ќе се впуштите во оваа авантура.

profimedia

1. Најпрво разговарајте со вашиот партнер за видовите порно филмови кои и двајцата би сакале да ги гледате. Запомнете дека нивната улога е да го подобри вашиот сексуален живот, а не да замени еден од вас.

Прочитајте и...  Купиле куќа од ерата на Прохибицијата: Во ѕидовите пронашле 66 скриени шишиња виски

2. Кога ќе одберете филм, фрлете се веднаш на гледање. Додека тој трае, вие слободно откријте му/ѝ ги вашите желби и граници врз основа на она кое сте го виделе. Филмовите за возрасни можат да бидат добар извор инспирација ако сакате малку да ја зачините вашата врска, а не знаете како.

profimedia

3. Ако во кој било момент вие или вашиот партнер почнете да се чувствувате непријатно, престанете со гледање. И двете страни мора да бидат согласни и желни да го истражуваат овој свет заедно.

4. Немојте да гледате порно филмови само за да му угодите на вашиот партнер. Тоа може да доведе до негативно влијание врз врската бидејќи правите нешто што не сакате и поради кое не се чувствувате добро.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за 3 декември: Вашата креативност моментално е на врвот

Поврзани вести

Доколку од заразите не ви е преку глава, пристигнува нова серија за Бубонската чума

Слободен печат

ФОТО: Доктор откри трик кој спречува стаклата на очилата да ви се замаглуваат додека носите маска

Слободен печат

ФОТО| Топ 5 комбинации од Александра Шијакоска кои мора да ги имате во вашиот плакар!

Васко Спасовски

Купиле куќа од ерата на Прохибицијата: Во ѕидовите пронашле 66 скриени шишиња виски

Слободен Печат

Се роди бебе од 27 години стар ембрион: Две години е помладо од мајката!

Слободен печат

ФОТО| Се појави, па исчезна: Ново домашно видео од бремената Северина и поранешниот сопруг

Слободен печат

Остави Коментар