Гледала како УМИРА, но не можела ништо да направи: Писателката зборува за болната трагедија

јелена бачиќ алимпиќ
Еспресо.рс/Владимир Спорчиќ

Писателката Јелена Бачиќ Алимпиќ ја знаеме како ведра и секогаш со насмевка, но зад таа весела личност се крие една голема трагедија од минатото.

Откако го објави романот „Те нема никаде“, откри што било инспирација за сето тоа. Таа се повредила на Сицилија и морала да замине во болница, а тогаш се сетила на медицинскиот персонал кој работел за време на војните, но малку се зборувало за нив.

Покрај тоа, во романот внесла и приказна од лична трагедија која никогаш нема да ја заборави.

„Најтажно е кога некој умира пред твои очи, а не можеш никако да помогнеш. Гледав како тоа му се случуваше на мојот татко. Но, не губам надеж, секогаш сум оптимист и верувам во правда“, изјавила таа.

Писателката изјавила дека никогаш не дозволила трагедијата и тагата да ги покаже во јавност. Не сакала да покаже колку е тажна и колку ѝ е тешко, па сето тоа го „пушта“ низ приказните на своите романи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот