ГЛЕДАЛА КАКО МАЈКА Ѝ ГО УБИВА ТАТКО Ѝ: После сè, актерката конечно живее нормален живот

шарлиз терон
Фото Профимедиа

Шарлиз Терон утре ќе го прослави својот 44-ти роденден, конечно среќна и богата, нешто што некогаш мислела дека е невозможно за нејзе.

Таа денеска важи за една од најдобрите и најплатените холивудски актерки, но нејзините детство и младост воопшто не биле мирни и пријатни. На само 15-годишна возраст, таа гледала како мајка ѝ го убива татко ѝ во самоодбрана и признала дека тој имал проблеми со алкохолот и насилното однесување.

Токму поради проблемите дома, не се вклопувала во ниедна средина, а страдала и од депресија. Шарлиз не крие дека страдала и од хепатитис, поради што ги има изгубено нејзините заби. Често посетувала психолог поради постојаните проблеми со депресијата.

Денеска освен по актерската кариера, Шарлиз е позната и по својот хуманитарен активизам, особено во здруженијата за поддршка на заболените со ХИВ. Во 2008 е прогласена за амбасадор на мирот на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот