„Гледајте си ја вашата работа“: Се огласи српската пејачка Романа, по апсењето во Австрлија! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Српската пејачка Романа Паниќ (45) пред неколку дена беше уапсена во Австралија со вереникот Филип М. (40) поради кражба на банкомати, заради која е осудена на 12 месеци казна затвор.

Таа сега се наоѓа во затвор во австралискиот град Бризбејн.

Прв пат после скандалот кој ја шокираше јавноста, на профилот на Романа била прикачена објава која набргу исчезнала.

Имено, таа ја споделила објавата на една женска личност, за која се претпоставува дека се многу блиски, со оглед на начинот на кој ја брани.

Фото: Инстаграм

Во таа објава, таа женска личност напишала: “Гледајте си ја вашата работа”, а во продолжение на текстот тврди дека новинарите пишуваат глупости, притоа навредуваат и потоа споменува и “режирање на приказната”, веројатно со цел да нагласи дека нешто не е вистина.

Романа после полноќ, оваа објава ја сподели на својот Инстаграм стори, а набргу истата објава била избришана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот