Главоболки за Зидан, без важни играчи против Сити! (ФОТО)

фото: твитер

Откако со поразот од Бетис не се врати на првото место во „Ла Лига“, со нови проблеми се соочува „кралскиот“ клуб пред новиот европски предизвик.

Голманот Тибо Куртоа и левиот бек Марсело се повредени и многу веројатно ќе го пропуштат првенствениот меч против Еибар.

Но, што е уште поважно за Зинедин Зидан, Куртоа и Марсело нема да настатап ниту на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити на „Етихад“ на 17. март.

Тоа ќе биде хендикеп за Реал Мадрид во пресрет на клучниот натпревар во ЛШ за седум дена. Првиот дуел мадридскиот гигант пред своите навивачи загуби со 1:2 од „граѓаните“ и се многу поблиску до елиминација.

Од претходно повреден е и Еден Азар, односно за него сезоната е завршена, додека на Реал на „Етихад“ нема да може да смета ниту на капитенот Серхио Рамос поради црвениот картон на првиот дуел на „Сантјаго Бернабеу“.

Воедно тимот на Зидан се наоѓа во мала криза, триумфираше на само една од последните пет средби и тоа против Барселона на „Ел Класико“ (2:0), доживеа три порази од Леванте (0:1), Манчестер сити (1:2) и Бетис (1:2), а ремизираше со Селта Виго (2:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот