Главоболки за првиот човек на ПСЖ, на есен оди на суд, а играчите одбиваат намалување на платите

Насер Ал-Келаифи/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Судењето на претседателот на ПСЖ и шеф на телевизијата БеИН, Насер Ан-Келаифи, поради корупција при доделувањето на телевизиските права, е закажано за септември.

Судењето на претседателот на ПСЖ, поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке и уште едно лице, ќе започне на 14. септември, објави швајцарското обвинителство.

Швајцарското федерално обвинителство во февруари годинава го обвини Ал-Келаифи во врска со истрагата за мито поврзано со продажбата на ТВ правата за натпреварите од Светското првенство.

Обвинението го терети Ал-Келаифи за поттикнување на поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке да „направи кривична злоупотреба“.

Ал-Келаифи е обвинет дека на Валке кој од ФИФА е избркан во 2015 година, му обезбедил престој во луксузна вила на Сардинија без да плаќа кирија во висина од 1.8 милиони евра.

Неговите адвокати наведоа дека обвинението е без основ и „вештачко“. Тие исто така изјавија дека не се сигурни како ќе тече судскиот процес бидејќи бараат изземање на неколку обвинители поради протекување на информации цо јавноста и веќе поднесоа тужби против тие обвинители.

Ова не е единствена главоболка на Ал-Келаифи бидејќи фудбалерите на ПСЖ го навлекоа бесот на јавноста со одлуката да не прифатат намалување на платите иако француската Лига 1 од вчера и официјално е прекината и нема да се доигра откако Владата донесе одлука да нема спорт до септември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот