Главно жариште на ковид-19 во Европа: Мадрид е првата европска престолнина што повторно оди во карантин

Фото: EPA-EFE/Victor Lerena

Мадрид е првата европска престолнина што повторно се затвора. Лидерите на регионот денеска ја прифатија наредбата на централната власт за забрана на патувања што не се неопходни кон и од главниот град поради спречување на ширењето на коронавирусот.

Поради зголемен број на позитивни случаи, Мадрид и уште девет околни општини ќе одат во карантин, при што дозволено ќе биде патување само за работа, одење на училиште, посета на доктор или за купување на секојдневни намирници. За два часа ќе биде скратено и работењето на баровите и на кафулињата, па наместо во 01 часот по полноќ, тие ќе имаат обврска да затворат во 23 часот, пренесува „Ројтерс“.

Лидерот на мадридскиот регион, Изабел Диаз Ајсуо најави дека ќе поднесе жалба до судот за одлуката за карантин што наиде на револт и кај жителите на градот. Притоа рече оти немала избор, па затоа и засега се согласила на прифаќање на одлуката.

– Овој регион не негодува и строго ќе се придржуваме до сите наредби. Но, ќе одиме и по судови и ќе се залагаме за правата на мадриѓани“, рече Ајсуо.

Со 859 инфицирани лица на 100.000 жители, Мадрид во моментот е главно жариште на ковид-19 во Европа поради што и синоќешната одлука на шпанската влада за повторно воведување на карантин. Утре треба да бидат познати сите детали околу одлуката, меѓутоа и од кога ќе почне да се применува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот