Главниот спонзор ќе го награди Баерн со 200 милиони евра за нов договор

Германски телеком останува генерален спонзор на Баерн Минхен/ фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Актуелниот германски шампион Басерн Минхен наскоро ќе добие нова финансиска инјекција тешка 200 милиони евра, пишува „Билд“.

Имено, главниот спонзор, германскиот телекомуникациски гигант Телеком, ќе потпише нов четиригодишен договор со баварците вреден 200 милиони евра.

Со финансиската инјекција, Баерн Минхен ќе може полесно да се договори за продолжување на соработката со најголемите ѕвезди како Роберт Левандовски, Серж Гнабри на кои договорите им истекуваат во 2023 година и постои можнст да си заминат без отштета доколку не се договорат со германскиот тим до крајот на годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот