Главниот советник на Џонсон поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Доминик Камингс, главниот советник на британскиот премиер Борис Џонсон, поднесе оставка, која ќе стапи во сила веднаш, пренесуваат британските медиуми.

„Доминик Камингс вечерва ја напушти Даунинг стрит 10 засекогаш, откако одлучи да не остане на должност до Божик”, напиша на Твитер главниот политички коментатор на Радио Тајмс, Том Њутн Дан.

Камингс е забележан како го напушта седиштето на британската влада, носејќи кутии.

Повикувајќи се на извор во Даунинг Стрит, Си Ен Ен јави дека причина за оставката е големиот втор бран на ковид-19 во земјата и финалната фаза од Брегзит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот