Главниот шведски епидемиолог: Сите влегоа во втор бран, само Шведска не!

Шведска повторно започна да известува за поголем број на заразени лица со коронавирусот. Во четвртокот имале 1.075 случаи, додека вчера пријавиле 596 случаи.

Шведска имаше поинаков пристап од другите земји, оставајќи ги повеќето училишта, ресторани и бизниси отворени за време на пандемијата, со благ пораст на бројот на пациенти од почетокот на септември, пренесува Ројтерс.

Фото: Профимедиа

Сепак, главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел вели дека земји како Холандија, Шпанија и Франција во моментов влегуваат во вториот бран, но дека тоа не е случај со Шведска.

Луѓе уживаат во сончевото време во парк во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

-Тоа би значело дека вирусот значително се шири во големи делови од општеството, а тоа го немаме во Шведска- рече тој пред новинарите, но додаде дека зголемувањето на случаите треба да се сфати многу сериозно.

Прочитајте и...  Филипче не прифати никаков предизвик на Фејсбук, но сепак доби поддршка

Поврзани вести

СДСМ: Инфектологот Вело Марковски се расфрла со теории на заговор поврзани со коронавирусот

Слободен печат

По десет години зад решетки: Неонацистот и негатор на Холокаустот, Хорст Малер на слобода

Слободен печат

ВИДЕО | Андоновски: ФФМ ги решава крупните проблеми, потребно е поактивно вклучување и на општините

Слободен печат

Основачот на американскиот култ „Нексием“, Кит Раниер осуден на 120 години затвор

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се крие и не го кажува ставот за Делчев и македонскиот јазик

Слободен печат

Митко Јанчев повикува на мирен протест за смена на Мицкоски

Маријана Митровска

Остави Коментар