Главниот португалски функционер за борба против ковид-19, позитивен на коронавирус

Фото: Miguel A. Lopes/EPA

Генералната директорка за здравство на Португалија, Грака Фреитас е позитивен на тест за коронавирусот и е во самоизолација, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Министерството во соопштението информира дека Фреитас има лесни симптоми и оти здравствените служби бараат луѓе со кои Фреитас можеби биле во директен контакт.

Како што се додава, денешниот брифинг за новинарите на Фреитас е откажан.

Фреитас (63) е главен функционер во португалската Влада за борба против пандемијата на коронавирусот.

Во Португалија досега се регистрирани 300.000 случаи на коронавирус и 2.300 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот