Главниот обвинител на Хаити бара за убиството на претседателот да биде осуден премиерот

Премиерот на Хаити / Фото: EPA-EFE/ORLANDO BARRIA

Главниот обвинител на Хаити побара од истражниот судија да го обвини премиерот Ариел Хенри за убиството на претседателот Жовенел Моиз и побара забрана за негово напуштање на земјата, пренесува Си-Ен-Ен. 

Оваа наредба беше издадена истиот ден кога го повика премиерот Хенри да се сретне со него и да му објасни зошто клучниот осомничен за атентатот на претседателот Моиз му се јавил двапати само неколку часа по атентатот. 

„Има доволно компромитирачки елементи за да му се суди на Хенри и да се побара обвинение“, рече обвинителот Бед-Форд Клод.  

Тој додаде дека повиците биле упатени на 7-ми јули во 4:03 часот и 4:20 часот наутро и додаде дека доказите покажуваат дека осомничениот Џозеф Феликс Бадио во тоа време бил во близина на неговиот дом. 

Бадио некогаш работел во владината единица за борба против корупцијата, се додека не бил отпуштен под обвинение за кршење на етичките прописи. Во документот се наведува дека повиците траеле вкупно седум минути и дека премиерот Хенри во тоа време бил во хотелот Монтана во главниот град на Хаити.  

Да потсетиме, претседателот на Хаити беше убиен на 7 јуни во вооружен напад. 

Убиен претседателот на Хаити: Командоси ноќе му упаднале дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот